Инкогнито

Р. Македонија 2007 4,58 мин Колор Звук документарен Аматерски филм Дигитална технологија

Приказ на центарот на Скопје со случајни минувачи и сообраќајната гужва во градот. Во филмот неколку пати се повторува кадар со човек седнат на улица како проси. Прикажани се еврејските гробишта во општ план. Во крупен план кадар со Менората-древен симбол на јудеизмот со седум свеќници, Давидовата ѕвезда и светата книга Тора. Со крупен план и детал приказ на муслимански гробишта и верскиот симбол полумесечина со ѕвезда. Како и христијанските гробишта на паднатите борци од НОБ, со петокрака и крст како симбол.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.