Исток – Запад – Исток

Р. Македонија 2009 102 мин Колор Звук комедија

Ликот Ило Зото е тренер во велосипедизам, кој некогаш и самиот бил шампион во велосипедизам, но овој спорт го напуштил пред 20 години и работи едноставно како мајстор за велосипеди. Како и многу други спортисти, кои со текот на годините се заборавени, завршуваат на маргините и го немаат повеќе тој сјај што го имале во минатото, таков е и Ило Зото. Тој, работејќи во својата работилница, дознава за едно соопштение од државата, дека тим од велосипедисти треба да се подготви да ја претставува државата на најпознатата велосипедска трка што се одржува во Франција, да се натпреварува на Tour de France. За да се создаде национална репрезентација со најдобрите велосипедисти во моментот, власта одлучува Ило Зото да биде тренер, кој треба да ја води оваа репрезентација. Дејствието во филмот се одвива во 1989 и 1990 година. Тоа е време кога се менува политичкиот систем во Албанија, кога Албанците се бунтуваат против комунистичкиот систем и бараат начин да избегаат од сопствената држава. Екипата велосипедисти тргнува на натпреварот од пристаништето Драч во Албанија. Стигнуваат во Италија и се сместуваат во хотел. Меѓу екипата велосипедисти е присутен и еден шпиун од тајните служби на Албанија. Впрочем, и сам признава дека не го познава овој спорт и дека е дојден по должност да ја следи екипата. За време на престојот во Италија, ги следат вестите за политичките немири во Албанија. Ило Зото упорно се обидува да воспостави контакти со министерството за спорт во Албанија, но залудно. Велосипедската екипа останува блокирана во пристаништето во Трст, до каде што стигнале. Остануваат без пари и се принудени и престојот во хотелот да го плаќаат со свои пари и со златниците кои ги носеле скришум од нивната земја. Сакаат да се вратат дома но доживуваат низа перипетии. На крај, на влезот во Југославија, полиција им бара визи. Велосипедистите наидуваат на еден ромски брачен пар кои се возат со комбе. Велосипедистите го подмитува брачниот пар со малкуте пари кои им останале, за нелегално да ја преминат југословенската граница. Екипата некако, со велосипеди, успева да пристигне до југословенската граница со Албанија. Полиција по долгите испитувања и омаловажувања, им ги задржуваат пасошите, поради незаконскиот влеза на југословенска територија. Потоа граничната полицијата им ги зема и велосипедите. На крај, екипата влегува пеш во Албанија.

Напишано од Арсим Љесковица

Други соработници : Музика: Енрико Руџери Монтажа: Клаудио Кутри Уметнички директор: Дурим Незири Костимографија: Соела Зани Тон: Берние Сигнорин Шминка: Мишел Каристан Први асс. на фотографија: Ермир Кета, Мишел Таглиабуе Линиска продукција: Сабина Кодра Италијанска линиска продукција: Џорџио Фантини, Аугусто Пизамиглио Македонска ко-продукција: SM-ART, Јетон Џемаили Ко-продукција: ISSTRA CREATIVE FACTORY, Шкумбин Истрефи Извршен продуцент: Емануела Ризото Асс. на камера: Џорџио Токоа Лабораторија: AUGUSTU COLOR Менаџер на продукција: Дарко Попов Albanian general vision – Fast Rewind

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.