Киното „Охридско Езеро“

Република Северна Македонија 2023 14,34 мин Колор Звук документарен Аматерски филм Дигитална технологија

Аматерски, непрофесионален филм за киното „Охридско езеро“ во Охрид. Филмските почетоци во Охрид се врзани со името на Миле Петкоски Мартиноски. Роден е во село Ржаново, струшко, учесник во Илинденското востание. По востанието Петкоски бега од турскиот аскер во Охрид а од таму заминува за Америка, каде останува 12 години. Во Америка се вљубува во филмската уметност и е постојан посетител на кино проекциите. Тој се враќа во Охрид и во 1919, почнува да го гради киното „Охридско езеро“. Киното почнува со работа 1924 година. Од Австрија го набавува проекторот HERLANGO, произведен 1909 г. Како стручно лице, од Австрија доаѓа и Ернест со сопругата Адела. Сопружниците живеат во Охрид неколе време а Ернест го пренесува своето знаење на членови на семејството Петкоски, кои продолжуваат да работат како кинооператери. По војната 1951 г., купени се два нови проектори ХР 1, а стариот е донесен  во Кинотека на С.Македонија и служи како експонат.
Нада Бабачева, се сеќава на времето кога киното било преполно со посетители, се барало карта повеќе и филмовите ги гледала по неколку пати. На почетокот биле прикажувани црно бели неми филмови, а подоцна и звучни. Најголемо внимание привлекувале филмовите на Чаплин, филмовите „Бели јоргован“, „Тарзан“, „Ана Каренина“, цртаниот филм „Снежана“, филмовите со Фред Астер и др. Денес киното не работи и е во целост руинирано.

2023, Медал на УНИКА, 31 ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИ (НЕПРОФЕСИОНАЛЕН) ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ, КАМЕРА 300 – БИТОЛА

Монтажа: Бранислав Силјаноски Текстот го читаше: Ѓорѓија Симјаноски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.