„Филмот е снимен врз основа на зачувани преданија и легенди, во консултации и соработка со врвни историчари и научници. Филмот е снимен по повод 1150 години од доаѓањето на Кирил и Методиј, на територијата на денешна Морава, Република Чешка.“
Филмот е драматична приказна која го опфаќа периодот од 831 до 885 година. Станува збор за животот и делата на словенските просветители св. Кирил и Методиј и за почетоците на ширењето на христијанството во Моравија и Централна Европа.
Филмска верзија на документарната серија во четири дела, снимена по повод 1150-годишнината од доаѓањето на словенските гласници и нивната работа во Велика Моравија. На почетокот на историската обнова, создадена врз основа на зачувани периодски извештаи и легенди, постариот Методиј се присетува на својата мисија со својот помлад брат Константин (Кирил). На барање на кнезот Ростислав, византискиот император Михаил III ги испратил во 863 година, од Константинопол во Велика Моравија, каде двајцата научници ги ширеле идеите на христијанството. Солунските браќа, го донеле првото словенско писмо во земјата, но наишле на пагански обичаи и, пред сè, противење на франкиските свештеници.
„Со протерување на учениците на Кирил и Методиј, беше насилно разбиен центарот на моравската и старословенската култура и неговата црква. Протераните ученици беа примени на многу места низ источна Европа, каде што беа отворени нови училишта за ширење на старословенската култура: Во Македонија, во Украина и Чешка. Од тогаш поминаа повеќе од илјада години, се распаднаа многу царства во прав и пепел, но идеите на Кирил и Методиј нè следат до ден денешен.“
Со цел да се покријат и раскажат сите важни моменти од овие историски дејствија, авторот одлучил тој момент да го реши преку континуирана оф –тон нарација, со мноштво од планови: крупни, средни, средни крупни, општи и средно општи, кои се надоврзуваат еден по друг, каде од година во година, од град до град, со приказ на последователни и на пати комплексни сцени, во служба на нарација, на моменти се задржува на одредени сцени, а на моменти само визуелно нè води во една подвижна разгледница, прикажувајки го битните содејсвија на настаните. Карактеризирајќи ги претходно споменатите елементи: пропратна нарација во офф-тон и промена на динамиката на музиката како и промена на осветленоста на кадрите. Имено оние сцени кои се дел од животот на Браќата се посветли и со хармонична музика во позадина, додека сцените во Моравија се со подинамична музика, послаби бои, затемнети и мрачни, симболизирајќи ја атмосферата и амбиентот. Филмот успешно дава претстава за историски важен период кој само накратко може да се опфати во едно вакво дело.
Напишано од Лидија Христова
Режија: Петр Николаев Сценарио: Мирослав Ошчатка, Петр Худски Камера: Давид Плоухар Монтажа: Давид Кочар, Мичал Чуч Тон: Роберт Слежак Музика: Јиржи Члимецку, Јиржи Павлица Сценографија: Мартин Странски Костими: Маријана Станска Продуценти: Мартин Коринек, Игор Кристоф, Виктор Кристоф Главни улоги: Роман Зач, Ондреј Новак, Милан Бахул, Јан Јанковски, Јосиф Абрахам, Владимир Јаворски, Кајетан Писаровиќ, Бохумир Стари, Петр Штепан, Мариан Роден