Кога одевме во Стамбол

Р. Македонија 2000 26 мин Колор Звук ТВ Продукција Дигитална технологија

Приказ на Истамбул, град кој со векови наназад е место каде луѓето од Македонија заминуваат на печалба. Поетот Матеја Матевски, кој и самиот потекнува од печалбарско семејство, кое се занимавало со слаткарство во Истанбул, ја чита својата поема „Кога одевме во Стамбол“. Посветена и инспирирана од сите печалбари, кои ја напуштиле својата земја за парче леб и парче слобода. За животот во Истамбул, зборуваат иселеници кои со генерации живеат и работат во овој град: Бојан Стефановиќ, Ангел Каланџиев, Ѓорѓи Масев, Ристо Копанов, Живко Попвасилев, Олга Фандаклиева и др.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.