Локални херои – Светски таленти

Република Македонија 2018 52 мин Колор Звук биографски Документарен филм Дигитална технологија

Документарен филм за светски познати личности кои потекнуваат од најстарата ромска населба на Балканот – Топаана (Топанско Поле). Жителите на Топаана раскажуваат како се живеело во оваа населба некогаш и денес. Од оваа скопска населба произлегле голем број познати имиња.
Еден од нив е Зоран Димов, сопственик на БТР, телевизија која успешно опстојува со години и нуди богата програма. Тој во филмот ги прави интервјуата со познатите личности од Топаана. За успешноста на Зоран Димов и работата на телевизијата зборуваат: Феруз Мустафов, Бајрам Берат, Данчо Чевревски, Сафет Камбер, Самка Ибраимовска и Рахим Бурхан.
Васка Јанковска, вокал во оркестарот на Горан Бреговиќ, светската слава ја постигнала со својот вокал во филмот на Емир Кустурица „Дом за бесење“. За оваа естрадна уметница зборуваат: Емир Костурица, Рамадан Бислим, Људмила Трајкова и Горан Бреговиќ.
За кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, родена скопјанка, која дел од својот живот го поминала во Топаана, зборуваат: Сузана Спасовска, Виолета Томовска и Блага Петреска.
Уште еден познат лик од Топаана е пеачот Муарем Сербезовски.
Бајрам Северџан е актер кој се прослави со филмовите: „Џипси меџик“ и „До балчак“ на Столе Попов и со „Црна мачка, бел мачор“ и „На млечен пат“ од Емир Кустурица.
Од Топаана е и првиот ромски пратеник во Македонскиот парламент Фаик Абди.
Филмот завршува со пофални зборови упатени до Зоран Димов од: Вели Хусеин, Розита Гранфорс, Кхурам Кхан, Ајтен Берафала и Тодор Муго.

Напишано од Лидија Кировска

Асистент на режија Димов Зоран
Асистент снимател Демир Ерхан
Директор на фотографија Мичевски Вангел
Монтажа на тон Дракалски Горан
Продуцент Димов Игор
Сценарио Димов Зоран

Други соработници : Извршен продуцент: Вангел Мичевски Асистент на камера 2: Исен Бајрам Асистент на камера 3: Самир Незир

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.