Документарна програма во 5 продолженија.
I ДЕЛ
Македонското револуционерно движење меѓу двете светски војни и појавата на автономизмот и михајловизмот. Балканските војни (1912-1913) оставиле ктастрофални последици за Македонија. Земјата била поделена а голем број Македонци се селат во Бугарија. ВМРО која функционира во подрачјето на Пиринска Македонија, на чело со Тодор Александров, се стреми кон создавање на независна Македонија. По убиството на Александров, на чело на организацијата доаѓа Иван Михајлов, нарачателот на убиството на Тодор Александров. За овој период на македонската историја зборува академик Иван Катарџиев.
II ДЕЛ
Односот на соседите кон осамостојувањето на Република Македонија. На првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот Прохор Пчински на 2 август 1944 година, поставени се темелите на самостојна Македонија. На 8 септември 1991 год., прогасено е осамостојување на Македонија по распадот на СФРЈ. По осамостојувањето Македонија се соочува со проблемите што и ги наметнуваат соседите: Грција, Бугарија, Албанија и Србија. Зборува академик Иван Катарџиев.
III ДЕЛ
Се зборува за делото и активноста на Васил Ивановски за осамостојувањето на Македонија. Васил Ивановски, македонски комунистички деец и публицист. Роден 1906 г. во с.Ловраде-Костурско, со своето семејство емигрирал во Бугарија каде и починал во 1991г. Целиот свој живот го посветил на борбата за право на живот на македонскиот народ. Тој бил делегат на АСНОМ, член на ВМРО-обединета, заменик министер за социјални грижи, редактор на весникот „Нова Македонија“ и др.
IV ДЕЛ
Односот на англиската политика спрема борбата на македонскиот народ за самостојност. За политиката на Англија кон Македонија зборува академик Иван Катарџиев. Станува збор за ставот на Вилијам Гладсон кон македонското прашање, „Македонија на Македонците“ , за Балканскиот Комитет и неговите членови: Артур Еванс, Морис и др.
V ДЕЛ
Илинденското востание основа на современата македонска држава. На 2 август 2003 година одбелаежан е еден век од Илинденското востание. Се зборува за процесите на историскиот развој на македонскиот народ во изминатиот век.
Други соработници : Нарација: Симон Беличанец Избор на музика: Христо Христоски Постпродукција: Јордан Поп-Атанасов