Моноспитовското мочуриште повторно ќе живее

Р. Македонија 2002 30 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за „Моноспитовско Блато“, мочуриште кое се наоѓа во атарот на селото Моноспитово, на 10 км. од Струмица. Селаните го нарекуваат „ѓол“. Мочуриштето е богато со многу видови на: папрати, алги, птици, риби и др. Овој споменик на природата е живеалиште на ендемски видови од животински и растителен свет. Стојан Бансковалиев, градоначалник на Општина Муртино, Јанко Грчев, Драган Пенов, Магда Мучева, технички директор на ЈП „Комуналец“-Струмица, Милан Николовски и Стево Шаманов, зборуваат за флората и фауната во Моноспитовско блато и можностите за еко туризмот.

Текстот го читаа — Ѓорѓи Калајџиев, Сузана Тасева

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.