Документарниата емисија е посветен на писателот Мурат Исаку. Визуелниот приказ е придружен со интервјуа, инсерти од родното место на писателот, неговиот дом итн. Во поголемиот дел прикажан е писателот Исаку кој зборува пред камерата. Ги нагласува моментите од детството, неговите напишани дела, родното место и на моменти рецитира поезија.
Мурат Исаку е роден на 15 април 1928 во тетовското село Гајре, а починал на 24 август 2005 година. Студиите по албански јазик и книжевност ги завршил во Белград во 1953 година. Долго време работел како уредник во ТВ Скопје, емисија на албански јазик.
Идеја: Салајдин Салиху Монтажа: Астрит Идризи
Филмот нема превод на македонски јазик. Финансиран со средства на Совет за Радиодифузија.