Налепница

Република Северна Македонија 2019 18,45 мин Колор Звук Црна комедија Краток игран филм Дигитална технологија

Еден „баксузен“ ден во животот на Дејан. Тој запаѓа во низа проблеми, заради бирократски недостатоци. Денот му почнува со проблем. Оди да ја обнови истечената сообраќајна дозвола. Вработената на шалтерот му кажува дека нема налепници и не може да му ја обнови дозволата. Дејан, тргнува на пат, оди да ја посети ќеркичката. Го сопира полиција и додека се објаснува со полицаецот дека нема налепници, завршува во затвор. Во затворот, го мешаат со озогласен криминалец и го претепуваат. Тој со расцепена глава и подуено око, продолжува по патот, решен да стигне на приредбата на ќерка си. Повторно наидува на полициска контрола. Повторно истиот муабет со полицаецот, нема налепници. За да не заврши во затвор, Дејан го краде полицискиот автомобил и бега. По него тргнува потерница од полициски возила. Влетуваaт на приредбата и настанува голема мешаница. Публиката бега, децата пиштат. Дејан, успева да се сретне со ќерка си и да ѝ го даде подарокот, кажувајќи ѝ колку ја сака.
Филмот е црна комедија која ги отсликува недостатоците на едено општестви и љубовта на таткото и ќерката.

Напишано од Лидија Кировска

Други соработници : Кастинг — Дина Дума, Маја Сашек Маска и Шминка — Снежана Ангеловска-Живкова, Ирена Сенокозолиоска Настапуваат : Соња Стамболџиоска, Калина Димитровска, Анастасија Аневска, Матеј Настевски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.