Национална галерија – национална гордост

Р. Македонија 2002 31 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Приказ на Даут пашин амам, историја на објектот, за што бил наменет во минатота и пренамената во Национална ликовна галерија. Пркажани се сите простории во галеријата.
Првата галерија им е отстапена на иконописците, инспирирани од библиските сцени. Втората галерија е наменета за ликовни дела од крајот на 19 и почеток на 20 век. Тука се овековечени трагичните настани во Македонија, како и портрети и пејсажи на Папрадишки, Зографски и Шкодреану.
Во Третата галерија се делата на модерниот современ израз на авторите: Мартиновски, Личеновски, Тодоровски и др. Потоа следуваат делата на: Владимирски, Коџоман, Мазев, Корубин, Митриќески и други.
Модернистичките и постмодернистичките дела на Мазев, Кондовски, Шијак, Гуте, Карадаре, Грабул, Шемов, Киро Урдин, се во последната сала.

Текст: Љубе Цветановски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.