Татко и син живеат сами во трошна куќа во рурална средина. Таткото често е пијан и го малтретира своето дете. Често го тепа и му вика брз причина. Детето е тажно и плаче, пред вратата од нивната куќа. Од таму поминува еден слеп човек. Тој му приоѓа на детето, го фаќа за рака и го води со себе во својот дом. Добро се грижи за него, го храни и полн е со разбирање. Детето е среќно.
Таткото оди по нив за да си го земе синот. Настанува тепачка, детето несака да си оди, слепиот човек го брани од разлутениот пијан татко. Слепиот човек со нож го прободува таткото. Таткото умира. По погребот слепиот му обезбодува пристоен дом на детето, исполнет со грижа и љубов.
1968, Златна плакета за најдобар игран филм, Сојузен фестивал, Панчево
Соработник — М.Стефановски