Неделен променаден концерт

Р. Македонија 2012 4 мин Колор Звук експериментален Аматерски филм Дигитална технологија

Во градскиот парк во Скопје средовечен маж седи на клупа. Станува да прошета и ги гледа уништените споменици на истакнати револуционери. Оди до спомениците на Цветан Димов, Орце Николов, Кочо Рацин и Никола Вапцаров. На сите им недостасуваат бистите, стојат само имињата ишарани со графити. Во офф-тон се слуша песната „Само се караме, само се тепаме“. Во паркот има и нови неоштетени споменици, со специјални ефекти направено е како да се движат и се мајтапат. Последниот кадар е како мажот оди пред споменикот на Гоце Делчев.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.