Несудениот радовишки делегат на АСНОМ

Р. Македонија 2005 30 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за дедо Дане Трајков, кој земал значајна улога во антифашистичката борба против германскиот и бугарскиот окупатор во Радовишко. Дане Трајков (1876-1944), сточар од село Шипковица, по фашистичката окупација 1941година, веднаш почнал да соработува со ослободителното движење. На планината Плачковица криел илегалци и партизани и разнесувал оружје. Организирал партизанска болница за време на пролетната офанзива. Во болницата работеле лекарите Ѓорѓи Камчев и Страхил Панов. Заедно со дедо Дане, се грижеле и лекувале ранети и болни. Во јуни 1944 година, бил стрелан од фашистите во близина на селото Козбунар, 25 дена пред одржувањето на првото заседание на АСНОМ. За животот и активностите на дедо Дане Трајков, зборуваат неговиот син Јордан и Сотир Шукриев, претседател на здружението на борци од Радовиш.

спикер — Верка Јонческа

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.