Патот на водата, пат на животот

Р. Македонија 2004 25 мин Колор Звук едукативен ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за значењето на водата за живиот свет, со посебен осврт на Велес и околината. Приказ на водени токови: реки, потоци, водопади, извори и слични водни површини. Се зборува за реката Вардар, која го дели градот Велес на два дела, за реката Тополка, која го снабдува градот со вода, за реката Бабуна, за вештачкото езеро Младост и за голем број чешми. Во околината на Велес, на археолошкиот локалитет Вила Зора, забележани се остатоцо од канали со вода и лековити води кај црквите. Исто така, апострофирани се и опасноста од свлечилиштето Рамнина и загадувањето на водите во Велес.

Наратор: Лазар Лазаровски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.