Во пресрет на премиерата на монодрамата која ја подготвува, младот актер се соочува со најтешкот противник – самиот себе. Во интимна и интензивна атмосфера, со документаристички визуелен стил, филмот го следи неговото внатрешно патување низ лавиринтот на сопствените стравови, сомнежи и перфекционистички очекувања.
Рачната камера и природното осветлување, оддаваат впечаток на непосредност, што го приближува гледачот до психолошката состојба на ликот и неговата автентичност.
Напишано од Лидија Христова
Останати соработници : Извршен продуцент: Александар Андоновски Графички дизајнер: Александар Ѓорѓиевски Тон: Миле Петковски Тонец со бум микрофон: Борис Коцев 1 Асистент на камера: Дарко Зоков 2 Асистент на камера: Зоран Кузманов Директор за кастинг: Оливера Андоновска Гардероба: Билјана Галабова Декоратор на сет: Бруно Вењановски Уметнички директор: Александар Џинго Преведувач: Елизабета Галабова-Тодорова