Епизода 6 се фокусира на проектот „Скопје 2014“, претставен од власта како „ренесанса“ на главниот град, а анализирана како најголемиот политичко-пропаганден проект на режимот. Епизодата ја разобличува „лажната страна на барокот“ – зад фасадите, спомениците и грандиозните објекти се крие систем на корупција, злоупотреби, партиска контрола и создавање на пропагандна визуелна реалност. „Скопје 2014“ е пример како архитектурата може да стане инструмент на политичко манипулирање. Сјајната фасада не прикрива дека под неа се крие корупција, пропаганда и системска злоупотреба на јавните средства. Барокот е лажен, но штетата за институциите, културата и граѓаните – вистинска. Говорници во шестата епизода се: Никос Чаушидис, Владимир Милчин, Славчо Димитров, Артан Садику, Никола Гелевски и др.
Напишано од Миранда Алла Речи
Наратор: Сања Арсовска Архивски материјали: НУБ „Св. Климент Охридски“