Портокалова Македонија – „Шарениот свет на македонскиот отпор“

Република Северна Македонија 2023 66 мин Колор Звук документарен серијал Документарен филм Дигитална технологија

Епизода 8 – Оваа епизода се фокусира на граѓанските протести и активизмот во периодот 2015–2016, кои кулминираа со „Шарената револуција“. Анализа на улогата на граѓанските движења како противтежа на авторитарните тенденции на власта. Епизодата покажува како креативноста, визуелната симболика и иновативните форми на отпор (бои, уметнички акции, јавни перформанси) се користеа за да се привлече внимание, да се мобилизира јавноста и да се создаде колективно чувство на солидарност. Епизодата ја покажува моќта на граѓанскиот активизам и културната креативност како инструмент за демократија. Дури и кога институциите се заробени, граѓаните преку симболика, боја и колективна иницијатива можат да ја предизвикаат доминантната власт и да ја обноват јавната свест. Говорници во осмата епизода се: Ирина Стеријовска, Замир Мехмети, Петрит Сарачини, Марјан Забрчанец, Перо Арсовски, Билјана Јордановска, Дехран Муратов и др.

Напишано од Миранда Алла Речи

Директор на фотографија Жоговски Илија
Монтажа Мехмед Шенол
Продуцент Талески Пеце
Сценографија Поњавиќ Муча Снежана

Наратор: Сања Арсовска Архивски материјали: НУБ „Св. Климент Охридски“

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.