Последниот каубој на Балканот (Last Balkan Cowboy)

Република Македонија 2023 62 мин Колор Звук биографски Документарен филм Дигитална технологија

Овој документарен филм со играни секвенци, ни го открива животот и делото на Аљуш Муслиу (1944-1999), познат како Хари Џексон. Си го сменил името и презимето во знак на почит кон вестерн филмот. Како дете со семејството се сели во Бјелина. Негова примарна професија била фотографијата, а заработените пари ги вложил во снимање вестерн филмови. На влезот на неговиот фотогравскиот дуќан стоел натписот: „Фото-режисер на вестерни Хари Џексон“. За потребите на филмовите, самиот изготвувал костими, правел пушки, седла за коњите, се снаоѓал како знаел и умеел. Глумци во филмовите биле негови пријатели, членови на семејството и Роми кои глумеле Индијанци и Мексиканци. Филмовите ги снимал на Супер 8 и на 16 мм. лента. Снимил повеќе од 15 вестерн филмови: „Борец за правда“, „Човек за правда“, „Хари, одмазникот“ и др.
Неговите филмови се изгубени, но останале само неколку кратки снимени материјали кои се користени во овој документарен биографски филм. Кога во Босна изби војната, Хари Џексон одлучил да не ја напушти земјата и градот Бјелина и живеел далеку од својата сопруга и ќерката, се до крајот на животот.
Хари Џексон оставил неизбришливи траги врз луѓето на Бјељина и на целата филмска фела во Југославија. За тоа коков човек бил Хари, колку бил посветен на вестер филмот, значењето на неговите филмови и оргиналниот стил на снимање, зборуваат членови на неговото семејство, пријатели, соработници и познавачи на филмската уметност: Џенита Џексон, Бахрија Џексон, Мисим Камбери, Јусо Муратовиќ, Сељадин Салиу и Јусуф Трбиќ. Со право неговите современици велат: „Денес, никој не ги знае поранешните политичари во Босна, никој не ги знае директорите и претседателите на општината Бјељина, но не постои човек во Босна кој не го знае името Хари Џексон“.

Напишано од Арсим Љесковица и Лидија Кировска

Монтажа Дулев Блаже
Режија Али Сабидин
Сценарио Али Сабидин
Костимографија Пајазити Валентина
Асистент на режија Тачи Арбен

Други соработници: Продукциски дизајнер: Невзат Бејтулаи Асистент снимател: Гент Али Светло: Александар Терпини Превод: Башкими Адеми Графички дизајн: Давид Дулев Поспродукција на тон: Дарлко Спасовски
Поддржано од Агенцијаа за филм на Р. Македонија

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.