Во овој краток игран филм, кој жанровски стои помеѓу трилер и љубовна мелодрама, следиме животни премрежја на брачни двојки. Филмот е поделен на неколку поглавја со наслови во контекст на содржината на секвенците. Приватниот детектив Алберт, е платен да ги следи постапките на престапниците кои се во брак или пред вклучување на брак. Во неговото работење се сретнува со разни судбини и луѓе. Неговите изјави и филозофски премиси за уметноста и љубовта, кои ги следиме најчесто во оф-тон, наоѓаат смисла на крајот на филмот. Односно, и инспекторка која го испрашува детективот, за неговата незаконска работа што ја врши, се наоѓа на листата на измамените во љубовта. Филмот на крај го открива главното дејствие со наслов „Иронија“.
Сопругот на инспекторката врши прељуба со сопругата на детективот Алберт.
Напишано од Арсим Љесковица
Филмот е подржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија.