Професија синеаст – Петар Богоевски, мајстор на светло

Р. Македонија 2002 60 мин Колор Звук биографски ТВ Продукција Дигитална технологија

Емисијата започнува со интервју, кое го води филмскиот критичар Ѓорѓи Василевски, со мајсторот на светло или гафер, Петар Богоевски. Богоевски зборува за љубовта кон оваа професија, почетоците и првиот филм на кој работел„ Време води“ во режија на Бранко Гапо. Разговорот е надополнет со инсерти од филмовите: „Третиот човек“-Керол Рид и „Беше еднаш во Америка“-Серџо Леоне. Потоа разговорот продолжува за осветлувањето во филмовите „Џипси меџик“, „Пред дождот“ и др. Станува збор за тоа колку е важно осветлувањето во филмовите, за видовите на осветлување, кое може да е природно или вештачко. На тема осветлување, зборува актерката Арна Шијак. Таа прави паралела за светлото на сет за филм и на театарска сцена. Свое учество во емисијата имаат и Лабина Митевска, Данчо Чевревски и др.

Уредник: Венцислав Димитровски Продуцент: Лазар Горгевиќ Музички соработник: Дарко Мојсеев Графичка обработка: Љиљана Станевска Електронска монтажа: Ацо Бошковски Автор на емисијата: Ѓорѓи Василевски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.