Реставрација на скопското Кале

Р. Македонија 1966 1,22 мин документација Аматерски филм

Филмскиот материјал од август 1966 година (според белешките на В. Аќимовиќ), ја документира реставрацијата на скопското Кале, еден од најзначајните историски споменици во Македонија. Работниците, опремени со основни алати, ги обновуваат ѕидините на тврдината. Во кадрите се забележува интензивна активност – носење камења, расчистување остатоци и поставување нови делови за зачувување на автентичноста на Калето.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.