Самарџијата од Могорче

Р. Македонија 2005 29 мин Колор Звук документарен ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за самарџискиот занает во дебарско-реканскиот регион. Ибраим Исоски, меѓу народот попознат како „самарџијата од Могорче“ е еден од ретките самарџии од овој регион. Тој зборува за квалитетот и изработката на самарите што ги прави. Освен самари, Ибро, изработува и други предмети од дрво како : сукала, рачки за лопати, корнизи и др. Шериф Сефоски е помлад самарџија, тој детално го објаснува процесот на изработка на еден самар. Задоволни муштерии зборуваат за производите на „самарџијата од Могорче“.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.