Санка

Р. Македонија 1961 4,46 мин Звук краток игран Аматерски филм

Емотивна сторија за едно сиромашно дете, желно за сопствена санка. Еден зимски ден, сите деца се надвор и се санкаат на своите санки. Малото момче натажено ги гледа и ги турка своите другарчиња што се санкаат. Тој нема санка за да им се придружи во играта. Оди дома и решава самиот да си направи санка од еден трупец од дрво. Се мачи неколку дена а снегот полека се топи. Кога неговата санка е готова снегот е истопен и не може да се лизга.

1962, Сараево, Прва награда во категорија филмови посветени на децата, на Сојузниот филмски фестивал
1964, Белград, Поделена првата и втората награда во категоријата краток игран филм, на Осмиот републички филмски фестивал
1964, Скопје, Златна плакета за сценарио на Првиот републички фестивал на аматерскиот филм на Македонија

Улога — Џорџ Стамкоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.