Сара, митот

Р. Македонија 2011 12,44 мин Звук биографски Краток игран филм Дигитална технологија

Приказна за доаѓањето на француската актерка Сара Бернар, во Битола (Манастир).
Во 1917 година, актерката е поканета да игра исечоци од театарски претстави пред француските војници, кои се бореле на Македонскиот фронт. Прикажано е како Сара, иако тогаш имала веќе 73 години, патува со воз, пристигнува во Битола и оди да се потготви за ликот кој ќе го игра.
Таа е првата жена која 20 години претходно, на театарска сцена го одиграла Хамлет. Додека патува со воз, во мислите на актерката се делови од Хамлет (ги изговара наратор на француски јазик).
Низ целиот филм се појавуваат секвенци од сите ужаси што ги носи војната. Разрушени куќи, војници како војуваат, свежи гробови.

Напишано од Лидија Кировска

Улоги: Александар Копања, Кристина Христова-Николова, Иван Ортаковски, Марко Лазаревски и др.
Други соработници: Сценарио: Кристина Христова-Николова Глас: Ана Ангеловски Мајстор на фар: Трајче Величковски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.