Современо сточарство

Р. Македонија 2000 26, 26 мин Колор Звук документарен ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна програма во две епизоди: „Пасиштата“ и „Црна нога“. Нараторот во офф ни дава детални информации за сточарството во нашата земја. Приказ на ридско-планински предели со зеленило, стадо овци и овчарот додека ги пасе. Од време на време на екранот имаме табели со информации за главните растенија и пасишта во Македонија, нивните хранливи вредности, количината на зелената храна произведена во рамнините и ридските пасишта, како и стапката на искористеност. Во втората епизода, нараторот нè информира за некои болести кои ги мачат овците во нашата земја. Таканаречената заразна болест „Црна нога“ е најраспространета и најтешко се лекува и искоренува. Добивме одговори на прашањата: што е „Црна нога“, што предизвикува, како да се препознае, како се пренесува, како да се спречи, како да се лекува итн…

Други соработници : монтажа — Владимир Вељановски камера — Гоце Андоновски наратор — Ибрахим Алиу избор на музика — Сања Вељановска текст — Луан Старова

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.