Сонцето над Царевите Кули

Република Македонија 2018 20 мин Колор Звук историски Документарен филм Дигитална технологија

Документарен филм за споменичната целина, тврдината Цареви Кули, сместена над градот Струмица, на 445 метри надморска височина. Тврдината датира од 5 век пред н.е и претставувала значајно геостратешко место низ историјата. Местоположбата на тврдината овозможувала да се контролираат трите влеза во градот. За историјата и значењето на Царевите Кули зборуваат: м-р Зоран Рујак-археолог и Славица Тасева-архитект. Во филмот има и игран дел (црно-бел), каде се прикажани војници со шлемови и штитови и девојки како шетаат околу Царевите Кули, како илустрација на минатото.

Напишано од Лидија Кировска

Нарација: Маја Андреевска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.