Средба

Р. Македонија 2003 9,24 мин Колор Звук краток игран Аматерски филм Дигитална технологија

Девојка се движи во природа, влегува во една куќа и легнува да спие. Сонува средба со својата баба. Двете се облекуваат во народна носија. Потоа одат низ селото, носат леб и бардак во рацете. Пристигнуваат до еден голем крст. Насекаде се протегаат полиња со жито. Кога девојката се буди, на масата во собата гледа во фотографија од баба ѝ, во лебот и во бардакот, кои не беа таму пред да заспие.

Учествуваат: Александра Чаповска, Маргарита Младеновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.