Традиционални зимски обичаи во Македонија – Русалии

Р. Македонија 2004 27 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна програма за народните обичаи и обредните игри кои ги изведуваат русалиите. Тоа се мажи облечени во народни носии со сабји во рацете и играат ора со магиска содржина. Овие игри се изведуваат во Некрстените денови од Божиќ до Водици, бидејќи се верува дека во овие денови шетаат демоните. Русалиите со помош на сабјите ги растеруваат лошите демони. Овие народни обичаи денес се практикуваат во с. Секирник, Струмичко, во с. Куфалово, Кукушко и во некои бугарски села. За обичаите кои ги изведуваат русалиите зборуваат: еден стар русајлија и свештеникот од храмот „Пресвета Богородица“ во с. Секирник. Прикажана е и фолклорната група од с. Куфалово. Русалиите одат по домовите вршат магиски обреди а домаќините богато ги наградуваат.

Други соработници : Спикер — Катерина Гетева Лектор — Љупчо Цветановски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.