Уганда (Михаил Апостолски)

Р. Македонија 1967 114,29 мин Колор Домашна филмска архива Аматерски филм

Домашен филм од Михаил Апостолски.
Кирил Апостолски, работел како директор во „Заводот за рибарство“ во Скопје а како стручњак за слатководно рибарство во поранешна Југославија е повикан во Уганда, за да се унапреди рибарството во оваа африканска земја во развој. Семејството Апостолови, Кирил со сопругата Мирослава и синовите Михаил и Венцислав, престојуваат во Уганда (1967-1968 година). Односно постариот син останува три месеци, додека останатите осумнаесет месеци живеат во Уганда. Туристички одат да го посетат Националниот парк во Најроби, Кенија.
Видео (траење 2,21 мин.) од пристигнувањето на семејството Апостолски во Уганда, 1967 год. Кирил, Мирослава, Михаил и Венцислав слетуваат на аеродромот Ентебе во Кампала, главен град на Уганда. Таму ги чека автомобил, одат да се сместат во куќата каде ќе престојуваат. Вниманието на децата го привлекуваат група мајмуни кои слободно шетаат и си играат.
Семејството Апостолови (16,49 мин.), со лаокалните жители, приказ на околината, куќата, природните убавини и градот Кампала. Прошетка со автомобил низ градот, игри во парковите, знаменитости во градот. Појадок послужен во куќата, играње на браќата Михаил и Венцислав во дворот, капење во базен. Посета на село, разгледување на околината. Испраќање на југословенскиот амбасадорот Рељиќ, на аеродром со сите почести. Заминување на Михаил Апостолски од Уганда за Македонија, испратен од родителите и брат му на аеродром. Малиот Венцислав, снимен како си игра со девојче од Уганда.
Венцислав со родителите Кирил и Мирослава, покрај Викторијанските Водопади (49 сек.). Во продолжение на претходното видео, приказ на рурална средина и домашно население. Снимен е Екватор. Венцислав стои на кругот на геогравската ширина каде земјата се дели на северна и јужна хемисфера. Во близина на Викториините водопади, локалното население лови риба од чамци (12,17 мин.).
Семејството Апостолови на плантажи со кафе. Домородното население бере кафе. Прослава на Националниот ден на Уганда, парада на војници кои маршираат. На прославата присуствуваат претседателот на Уганда, Милтон Оботе и полковник Иди Амин (9,44 мин.).
Приказ на фарма на крокодили и рибници, во градот Кајанси. Имотот е под заштита на Министерството за животни, оддел рибарство. Прикажано е како се изведуваат крокодили од јајца, како се ловат рибите со мрежи и како се копаат нови базени. На фармата работи домородно население мажи, жени и деца. (6 мин.) Малиот Венцислав се шета помеѓу базените кои се веќе изградени, каде работи неговиот татко.
Семејството Апостолски во сафари клуб во Кенија. Венцислав си игра покрај базен и со родителите се лула на лулашка. Низ клубот се шетаат егзотични птици. Танцова група од Уганда изведува народни игри. Се приготвува скара, децата јадат (7 мин.).
Продолжува ручекот и забавата во сафари клубот во Кенија. Мирослава, Кирил и Венцислав шетаат по голф терен, кој се наоѓа под планината Килиманџаро. Со автомобил се упатуваат кон езерото Накуру, прогласено за национален парк, познато како живеалиште на фламинга (8,44 мин.).
Снимено е пристигнувањето и заминувањето на Мирослава, Кирил, Венцислав и Михаил во Кенија. Семејството оди во посета кај пријатели од Југославија. Прикажани се знаменитости на градот и куќата каде престојуваат. Децата си играат во големиот двор, пред куќата (8,8 мин.)
Пикник, покрај езеро, семејството Апостолови со семејството на југословенскиот амбасадор Рељиќ во Уганда (3,2 мин.).
Посета на Апостолови на Национален парк во Уганда. Семејството шета ни паркот, во присуство на голем број диви животни кои слободно шетаат. Продолжува претходното видео во Националниот парк во Уганда. Прикажани се диви животни и локални жители од племето Масаба, како шетаат и работат во паркот (6,6 мин.).
Видеото продолжува со африканското племе. Снимени се мажи, жени и деца, и нивните живеалишта. Луѓето се движат низ паркот, речиси голи. Жжените се со стомни на главата а мажите со стапови во рацете (4,53 мин.).
Видео снимено во Национален парк во Најроби, Кенија. Пристигнување на семејството Апостолови во парк и разгледување на околината и на Езерото Викторија. Сретнуваат стада на антилопи, слонови, носорози и други животни. Во националниот парк има живеалишта на домородното население (9,50 мин.).
Во Националниот парк во Најроби, животните се снимени во својата природна средина. Прикажани се голем број крокодили покрај езерото, како и водопадите на Езерото Викторија (8,29 мин.).
Продолжува видеото од националниот парк во Најроби. Видеото изобилува со животни снимени во природа: мајмуни, тигри, лавови, елени, зебри, носорози и голем број птици. Членовите на семејството Апостолови се шетаат низ паркот и си играат со мајмуните (9,58 мин.).

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.