Уметничкиот код на старите занаети

Р. Македонија 2002 20; 20; 20; 20 мин Колор Звук документарен ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна програма во четири епизоди за старите занаети во Македонија, кои се во изумирање.
Првата епизода ТЕРЗИИ е за Гојко Дамјан Станоевиќ, терзија од Тетово кои со децении изработува народни носии. Тој зборува за убавините на овој занает кои претставува своевидна уметност. Неговиот син Предраг Станоевиќ е млад терзија но сеуште ги користи старите алатки од своите предци за изработување на носиите: аршин-наместо метро, рачно изработени ножици и рог од елен за отварање илики.
ЌУРЧИЈАТА БОРИС е насловот на втората епизода. Борис е ќурчија многу години. Тој раскажува како се изработуваат производи од кожа и крзно. Колку работа имале во минатото а колку денес.
Третата епизода КОВАЧИ e посветена на семејството Умери, коe со генерации се ковачи и занаетот го пренесуваат од колено на колено. Тие изработуваат: потковици, секири, ножеви… Зборуваат членовите на семејството Рувче, Енвер и Шани.
КОПАНИЧАРОТ БУДЕ е насловот на последната епизода. Станува збор за Будимир Апостолски од Тетово, по професија ликовен уметник, кој е посветен на копаничарството. Тој зборува за своите дела кои ги има во голем број а највпечатлива е вратата од ореово дрво, изработена во плитка резба, во црквата „Св.Атанасиј“ во село Сараѓино.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.