Фер плеј, а не насилство

Р. Македонија 2003 28,41 мин Колор Звук документарен ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за насилството на спортските терени од една страна, а од друга страна колку физичкота активност е важна за здравјето на младите. Прикажани се спортски натпревари а наратор во оф тон зборува за значењето на спортот во денешното стресно време, за правилно ментално и физичко здравје кај луѓето. Спортските натпревари се места каде младите луѓе доаѓаат да ги следат спортските натпревари. Но, неретко се места за вербални и физички пресметки помеѓу навивачите. Навивачките групи иако доаѓаат да ги бодрат своите екипи, знаат да ги провоцираат судиите и играчите од противничкиот тим.
За здравиот однос кон спортувањето и физичкото образование од најмали нозе зборуваат професорите по физичко образование и тренери: Никола Поповски и Пеце Смилевски.

Наратор: Митко Апостоловски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.