Филмски новости бр.109/48

Р. Македонија 1948 1,9 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – НИЗ РУДНИКОТ ЗЛЕТОВО /
Филмски запис од вкупно 18 кадри, снимен во рудникот за олово и цинк „Злетово“ – Пробиштип. Снимателот користи средни и средно крупни планови, за да прикаже дел од процесот на подземна експлоатација на минералната суровина, олово-цинковата руда и од производството на олово-цинков коцентрат. Во подземните копови се врши дупчење, товарање и транспорт на рудата во вагонетки, до погоните за флотација. Во погоните за преработка се врши дробење, мелење, флотирање на рудата и добивање на олово- цинковиот елемент.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.