Филмски новости бр.114/48

Југославија 1948 2 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – СО ФИСКУЛТУРЦИТЕ НА ШАРА /
Во почетниот кадар камерата швенкува на десно по снежните падини на Шара. Студентите од факултетот за физичка култура од Белград, годишниот распуст го поминуваат на еден од најстарите ски центар во Македонија и Балканот, Попова Шапка. Фискултурците од строј тргнуваат на тренинг терените. Тие ги вежбаат фигурите и техниките на скијањето. Наставник покажува став кај скијачката дисциплина – спуст. Потоа, следуваат кадри снимени од неколку ракурси, во кои скијачите изведуваат спуст и мал скок. На крајот на прилогот, прикажани се снежните градителските вештини на фискултурците. Тие од компактен снег во длабок снежен нанос, оформуваат снежни блокови и градат игло.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.