ПРИЛОГ 1 – БЕГАЛЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА /
Во овој журнал е прикажана група бегалци од егејскиот дел на Македонија кои за време на Граѓанската војна во Грција, биле принудени да заминат од своите огништа и засолниште да бараат во некоја од соседните земји. Во општ план со швенк на десно, во двата почетни долги кадри, камерата регистрира граничен појас на југословенско-грчката граница. Во записот се застапени средни и америкен планови, во кои се прикажани колони од малолетни деца, жени и изнемошени стари лица, кои помогнати од нашите граничари влегуваат на територијата на НР Македонија. Бегалците се прифаќаат во собирните пунктови на најблиското населено место и се врши лекарски преглед. Следуваат кадри во кои жени хранат живина и мажи ораат со помош на трактор, но поради немање на тонски запис не може да се идентификува местото.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска