ПРИЛОГ 1 – ШАРПЛАНИНСКИ КУП /
Краток прилог од државното првенство во алпски дисциплини и од меѓународниот натпревар „Шарпланински куп“, на терените на Попова Шапка. Тотал на планината под снег. Скијачите го напуштаат објектот и се подготвуваат за натпреварувачка дисциплина во алпско скијање. Следуваат кадри од возење во велеслалом и спуст на неколку натпреварувачи, пад на двајца од нив и стигнување на целта. Последните кадри од доделување на наградатите. Победничка во женска категорија во „Шарпланински куп“ е натпреварувачка од Швајцарија, а државна првенка Нада Урбар од Словенија. Во машка конкуренција, најдoбар во меѓународна конкуренција е Австриецот Ернест Оберајгнер. Титула државен шампион и победник во вкупниот пласман ја добиваат Тине Мулеј и Јанез Штефе од Словенија.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска