Филмски новости бр.126/48

Југославија 1948 1,28 мин Звук Журнал

ПРИЛОГ 1 – ИЗДАВАЧКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА /
Информација за печатење на учебници, книги, листови, весници и други публикации на македонски јазик, од неколку издавачки куќи во НРМ, по ослободувањето. Кадри од процесот на печатење, техники на изработка на печатени материјал и оформување на финалниот производ. Покрај книжевните дела се печатат дневни, неделни и месечни списанија со политичко-информативна, културна, научна, стручна, забавна и друга содржина, како „Нова Македонија“, „Трудбеник“, „Млад Борец“, „Нов ден“, „Единство“ и др. Кадри од ентериер на книжарница каде учениците и читателите се снабдуваат со потребните изданија. Последниот кадар регистрира влез на Младинска издавачка книжарница – „Ново поколение“, од Скопје. Ова специјализирано младинско издавачко претпријатие е основано во ноември 1947 година, од страна на Главниот одбор на Народната младина на Македонија.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.