Филмски новости бр.148/48

Југославија 1948 1,15 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – ИНЖЕНЕРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА /
Во рамки на II Конгрес на инженери и техничари од Југославија, група делегати во обиколка на неколку објекти и културни споменици во југозападниот дел на Македонија. Во тотал од горен ракурс, снимени автобуси на пат. Делегатите најнапред го посетуваат манастирот „Св. Јован Бигорски“. Потоа, тие се на градилиште на хидросистемот Маврово, од почетокот на изградбата во 1948 година. Следните кадри се снимени во Охрид, од посета на црковниот храм света Софија во стариот дел на градот и новото синдикалното одморалиште на брегот на Охридското Езеро. Панорамска снимка на градот Охрид.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.