Филмски новости бр.164/49

Југославија 1949 1,22 мин Журнал

ПРИЛОГ 1 – ЗА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА /
Филмски запис за електрификација на населени места во Македонија. Во почетните кадри, снимени се завршни активности од изградба на нова електрана. Потоа, во ентериер на објектот, опфатен е дел од монтажни работи околу поставување на турбините. Во следните кадри прикажани се работници на далноводни столбови, кои поставуваат кабли за пренос на електричната енергија од електраната до трансформаторските станици. Полутотал на гасеничар трактор кој поставува кабел на земја.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.