Филмски новости бр.17/50

Југославија 1950 1 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – СТАРО И НОВО СКОПЈЕ /
Нецелосна кратка репортажа за старо и новоизградено Скопје. Од почетниот кадар во општ план на Офицерски дом  и Камен мост во Скопје, се нижат кадри од стара скопска улица, во позадина се гледа џамија,  Даут-пашин амам, Куршумли ан, Сули ан, улица во Стара чаршија, кујунџиски, наланарски и опинчарски занаетчии, се до изградба на ново Скопје. Во  последните кадри прикажан споменикот „Ослободители на Скопје“, во позадина се гледа зградата на Женската гимназија, изградена 1934 год. и урната во земјотресот 1963 година, како и старата железничка станица во Скопе.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.