Филмски новости бр.201/49

Југославија 1949 1,23 мин репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ /
Нецелосен прилог без тон, од изложба на средновековната уметност на македонскиот народ, во Скопје. Кадри од ентериер на уметничка галерија, во која посетителите ги разгледуваат изложените копии на фрески, икони и резбарски работи. Во крупен план прикажани се „Свети Климент“ – икона од 17 век и „Плачот на Рахила“ – копија на фреска од XIV век од Марков манастир во с. Сушица, Скопје. Следуваат кадри со фрагменти, најверојатно, од иконостасот на црквата Свети Спас во Скопје и изрезбана влезна врата на манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, Демирхисарско, од 15 век. На крајот од прилогот посетители разгледуваат макети на црква и манастир.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.