Филмски новости бр.205/49

Југославија 1949 1.38 мин репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ВО ПОСЕТА НА СВОЈАТА ЗЕМЈА /
Краток нецелосен прилог за група наши иселеници од САД, во посета на старо и ново Сараево, на фабриката „Титови заводи -Литострој“, во Љубљана и на црквата Св. Спас, во Скопје. Групата иселеници пред Градското собрание во Сараево, Латински мост на реката Миљацка и разгледување на старо Сараево. Во Скопје, делегацијата пред спомен плочата на Гоце Делчев во црквата Св. Спас. Потоа, делегацијата патува во посета на Љубљана, каде оди во обиколка во фабричка хала на „Литострој“ и на истоимениот новоизграден станбен блок за работниците.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател: : М. Марковиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.