Филмски новости бр.207/49

Југославија 1949 1 мин репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – УЧИТЕЛОТ ВО БРУСНИК /
Прилогот е снимен во училиште во село Брусник, Битолско. Учителот Вељан Апчевски 24 години работи како учител во селото, на описменување не само на учениците, туку и на повозрасните неписмени жители на Брусник. Во американ план, прикажан е учителот во близина на табла и математичко нагледно средство, дрвена сметалка. Во следните кадри, преку менување на неколку планови, прикажани се ученици на настава во училница и повозрасни жители со кои учителот работи на описменување.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.