Филмски новости бр.21/50

Југославија 1950 0,53 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ГАЛИЧНИК /
Нецелосен прилог за сточарската фарма на задругата во село Галичник. Панорамска снимка со швенк на планинскиот масив на Бистра и село Галичник, сместено на 1.400 метри надморска височина. Следуваат кадри од овци и крави на пасиште кои се чуваат во фармата и производство на познатиот галички кашкавал. Покрај останатите производи, во фармата се произведува преку 2 вагони кашкавал годишно. Покрај ова, сточарската фарма од 12.000 овци обезбедува квалитетна волна за преработка во текстилниот комбинат и изработка на килими. Во крупен план ткајачка на разбој и неколку изработени шарени килими.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.