Филмски новости бр.36/50

Југославија 1950 0,46 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ВО ПОСЕТА НА ЈУГОСЛАВИЈА /
Прилог за посетата на Скопје од страна на хуманитарна делегација на „Квекери“ или „Пријатели“ (религиозно христијанско движење познато како верско друштво на пријатели) од Англија и САД. На покана на Националниот комитет на Југославија за одбрана на мирот, делегацијата пристигнува во посета на Македонија. На почетокот на овој нецелосен краток прилог делегацијата излегува од авионот и минува низ аеродромот. Кадри од посета на црквата Св. Спас и обиколка на нови станбени блокови во Скопје. Швенк на ново изградени објекти за домување во Скопје.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Сниматели : Т.Звезданиќ и В.Бркиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.