Филмски новости бр.45/50

Југославија 1950 1,10 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ТРАГОВИ НА ДРЕВНАТА КУЛТУРА /
Нецелосен прилог за дотогашните ископувањата на едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија, источноримскиот град Стоби. Градот за првпат се споменува во 197 година пред нашата ера. Тотал и швенк по камените остатоци на Стоби. Во неколку кадри прикажана е архитектурата на Стоби, која го носи обележјето на доцна антика. Кадар од ископан дел од најимпресивниот објект на некогашниот град, античкиот театар. Во последните кадри прикажани се релјефи и статуи, декоративни елементи на некогашните перистили на палатите во древниот град.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател: : М. Јовановиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.