ПРИЛОГ 1 – РАБОТА НА АНКЕТНАТА КОМИСИЈА /
Прилог од работата на анкетната комисија на ОН, по повод теророт на монархофашистите врз населението во Егејска Македонија. Во тотал, колона од возила со членови на анкетната комисија на ОН се движи кон југословенско-грчката граница. Во Гевгелија, бегалците бараат од анкетната комисија да ја истражи причината за состојбата во Северна Грција, да им се врати имотот, да се вратат во своите домови и да се казнат злосторниците. Потоа, анкетната комисија во Струмица испрашува сведоци за теророт на населението кое гласало против монархијата. Во среднокрупен план прикажани се неколку сведоци кои одговараат пред анкетната комисија. По завршување со испрашување на сведоците, членовите на анкетната комисија заминуваат за Белград.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Снимил: М. Вучиќевиќ