Филмски новости бр.79/47

Југославија 1947 2 мин Звук Журнал

ПРИЛОГ 1 – МАКЕДОНИЈА – ОТКУП НА ЖИТО /
Приказ на откупот на задолжителните вишоци на жито од земјоделските производители, од реколтата во 1947 година. Во прилогот преовладуваат средни и америкен планови, со постојано движење во кадарот и континуитет на дејствието. После богатата жетва, во тиквешкото мало село Марена, производителите меѓу првите ја завршиле вршидбата и се подготвуваат да го предадат својот слободен вишок жито на државата. Во откупните станици, за предадените килограми жито, на земјоделските производителите им се издава соодветна противредност изразена во бонови, за привилегирано снабдување со рационализирани индустриски производи. Со боновите, селаните купуваат текстил, обувки, земјоделски алатки и други индустриски производи.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.