Филмски новости бр.8/51

Југославија 1951 0,39 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – НА ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО /
Краток нецелосен прилог за стариот и единствен начин на риболов со птици, на едно од најпродуктивните езера во минатото, Дојранското Езеро. Швенк по ловиштата на крајбрежјето на езерото, односно огради од трска наречени – мандри. Во неколку кадри прикажан начинот на риболов со помош на птиците корморани. Птиците ги наведуваат рибите кон мандрите. Рибари вадат мрежи од водите и го исипуваат богатиот улов. Риболовот на ова езеро отсекогаш бил главна економска активност за населението во Дојран.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.