Филмски новости бр.91/47

Југославија 1947 2 мин Звук Журнал

ПРИЛОГ 1 – БЕРБА НА ПАМУК ВО МАКЕДОНИЈА /
Собирање и откуп на памукот во Македонија, од реколтата во 1947 година. Почнувајќи со општ план и движење на лево, во неколку кадри, прикажано е собирање на памукот од засеаните полиња во Струмичко. Нараторот спомнува село Драгошевац кај Струмица. Селската работна задруга „Мичурин“ од село Градошарци ќе набере значителна количина на квалитетно природно влакно. Републичкото претпријатие за текстил и кожа, врши откуп на памукот. Секоја откупна станица располага со машини за подготвување на влакното, за понатамошните фази на преработка и добивање на финалниот производ, предиво и ткаенини.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател Попов Трајче
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.